За Лоба

“Ваш партнер за завршна обработка на паркети и подни облоги”

Повеќе од 90 години сме посветенина нашата работа во унапредување на лакови и средства за заштита на дрво и дрвени површини.Како специјалисти во развој и производство можеме да се пофалиме со големо искуство и технологија. Среќни сме што можеме да го споделиме нашето искуство и знаење со нашите партнери и крајните потрошувачи. Во соработка со нашите партнери и потрошувачи продолжуваме со понатамошен развој на високо квалитетни производи кои се во употреба со години низ целиот свет и кои ја оправдаа својата намена.
Сите Лоба производи се произведени во Дитзинген во непосредна близина на Штутгарт. Со голема распространетост нан ашите партнери во дрвната индустрија застапени сме во 60 земји во светот.

Како водечки производител во полето на еколошки производи на водена основа со години сме синоним за високо отпорни, лесно наносливи и високо квалитетни производи насочени кон крајните потрошувачи.

Што можете да очекувате од Лоба:

Максимална посветеност и врвна технологија за секојдневна работа. За совршена работа ви се потребни професионалци. Вие степрофесионалци во вашата област ние сме професионалци во нашата. Лоба е единствена Германска компанија од средна големина специјализирана исклучиво за површинска обработка на паркети И сите видови дрвени облоги. Лоба е водечки производител за завршна обработка на дрвени подови како и производи за нега и одржување на паркети и подни облоги.

Нашата филозофија е “Он Топ”

“Он Топ” за специјализација во завршна изработка: лакирање,уљење,чистење и нега.

“Он Топ” за позицијата на водечки лидер во истражување, производство и врвен квалитет.

“Он Топ” за подршка нашите крајни потрошувачи, советување,обука и практична работа во начинот на работа со нашите производи.